fbpx
21.8 C
Skopje

Могерини со позитивни оценки: Се вративте на вистинската патека, следно ниво е спроведување на реформите

АКТУЕЛНО

Високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини денеска е во Скопје каде што се сретна со премиерот на Република Македонија Зоран Заев.

Таа беше пречекана од премиерот во Владата, каде имаа заедничка прес-конференција на која Могерини испрати порака дека Македонија се вратила на вистинската патека кон ЕУ, но дека нема многу простор за славење, бидејќи има уште доста работа.

Поминавте долг пат и се вративте на вистинската патека. По проценката што ја направија европските комесари, му препорачавме на Советот отпочнување на преговорите. Можете да славите половина ден, а потоа да се вратите назад на работа. Могереини додаде дека за безусловната препорака не е само заслужна Владата на државата, туку и граѓаните и опозицијата.

Шефицата на европската дипломатија забележа дека има напредок за разлика од пред година дена кога била во Скопје, но смета дека следно ниво е спроведувањето на реформи.

Има време и времето треба да се искористи соодветно, мудро и храбро. Изминативе месеци беа преземени чекори кои претходно не можевме ниту да ги замислиме. Јас сум балкански оптимист што ме квалификува да бидам глобален оптимист“, рече Могерини во однос на решавањето на спорот за името до европскиот самит во јуни.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -