fbpx
-6 C
Skopje

Молк

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Предизборниот молк е најубавото време во годината. Велам така бидејќи од 2008-ма досега речиси секоја година има избори за нешто. Речиси секоја година се делиме на такви „што трчале за изборите“ и на „падобранци“- такви што никој не ги видел во партиските штабови, ама секогаш ги местат на удобни фотелји. Се делиме на патриоти и предавници и само на Цеца и на Аца Лукас им се паѓа честа да не обединат. Уживаме да бистриме политика, но никако да го преземеме чекорот напред, што ќе не оддалечи барем на еден чекор од status quo-то во што се наоѓаме уште од времето кога Македонија на референдум ја изгласа својата условена независност („со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“).

Некако, како да се навикнавме да молчиме, оти дури и тогаш кога се „дереме“, ако позади нас нема некоја партија или моќен центар чија основна цел е да „шири демократија“ нашиот крик останува незабележан. Тоа е реалноста, но ништо не ви пречи вам, да живеете во заблудата дека некој некогаш се побунил и успеал да смени нешто во Македонија. Не идат така работите, оти ако идеа, Тони Зен немаше да пее дека „се е под контрола“, а пак Слаткарот немаше да нѐ убедува дека „слепиот најдобро се снаоѓа у мрак“.

Искористете го предизборниот молк за да се научите да викате. Да викате ПРОТИВ нечесните работи што ви се случуваат пред очи, а ве убедуваат дека се е во ред и промените само што не потропале на врата. Викајте ЗА, луѓето што секој ден го даваат својот придонес кон заедничкото добро, но бидејќи не сѐ партиски полтрони не можат да дојдат на ред и да станат тема на денот.

За неколку месеци има голема веројатност да „уживаме“ во уште еден предизборен молк, што ќе се случи после тоа никој не може да предвиди…

Доаѓа зимата, драги мои фанови на сапунската опера „Ќе го подобриме вашиот живот“. Доаѓа зимата, а со неа и големите сметки за струја. Запрашајте се колку се исплати молкот, па макар бил тој и предизборен, кога одите да си ги подмирите сметките и околу вас ќе видите само блед обид да се исполнат сите предизборни ветувања на политичките играчи.

Одморете се денеска, размислете додека и се насладувате на тишината од молкот, бидејќи утре имате голема обврска.Треба да се научите да викате.

Пишува: Батко Тане

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Северина во чест на новиот претседател на САД: Слиkи кои kренаа голема прашина

Од денес САД имаат нов претседател – Џо Бајден. Последниот ден на Доналд и Меланија Трамп во Белата куќа истече и сега во неа...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Груевски и Боркица со изјава: Бесрамно се насладуваат на лагите пуштени во јавноста

Одгласите по последната аудио снимка од разговор за време на ручек во струмички хотелски ресторан помеѓу Зоран Заев и Александар Верушевски, се уште не...

Овие се најопасните хороскопски знаци: Не ги предизвикувајте

Овие се „најопасните“ хороскопски знаци: Не ги предизвикувајте Секој хороскопски знак си има своја „темна“ страна, сепак, некои знаци од Зодијакот се сметаат за навистина...

Д-Р ЛАЗАРОВ РАСПАЛИ: СЕ ЗАЦРНИЈА ЦЕЛИ СЕМЕЈСТВА ЛУДАЦИ ЕДНИ, ЈЕАЛЕ ВЕ KАФАНИ

Се распадна општеството во скоро секој сегмент, економски колабираме, образованието е суспендирано а медицинарите се фрлени во оган веќе година дена без пауза, лек...
- Advertisement -