fbpx
-5.6 C
Skopje

Монашкото искуство на Партениј е огромен влог во иднината на МПЦ-ОА

АКТУЕЛНО

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

Отец Партениј, кој денеска беше избран за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија, ќе биде хиротонисан на 12 јули годинава, на празникот на светите апостоли Петар и Павле, во храмот „Света Софија“ во Охрид. Како помошник на Владиката Тимотеј, ќе ја носи титула „Епископ Антаниски“, според македонскиот античкиот град Антанија, кој бил епископско седиште, но истовремено ќе ја задржи и својата должност како игумен на Бигорскиот Манастир, каде што ќе биде и неговото постојано седиште.

Со своето дваесет и пет годишно монашко и игуменско искуство, отец Партениј влегува во архиерејски чин со досега најголем монашки стаж во поновата историја на нашата Црква. Во црковните кругови тој важи за искусен духовник, кој ужива голема почит не само од верниците, туку и од пошироката јавност.

Уште од своето доаѓање во Бигорскиот манастир, отец Партениј енергично се посветува на севкупната обнова на ова големо светилиште, после долгиот период на негова духовна замреност и материјална запустеност. Целосно се вложува себеси во делото за враќање на некогашното достоинството на бигорското светилиште. Како плод на таа посветеност, во 2001 година, потполно е возобновен и духовно заживеан и манастирскиот метох – женскиот манастир посветен на Св. Георгиј Победоносец во с. Рајчица. Паралелно со обновата на Бигорскиот манастир и на неговиот метох во Рајчица, Архимандритот Партениј се зафаќа и со нови градежни потфати, меѓу кои: дрвениот храм посветен на Св. Серафим Саровски, изградбата на храм во византиско-македонски стил во с. Ростуше, посветен на Пресвета Богородица, како и на новиот манастирски метох „Св. Кирил и Методиј“ во с. Битуше.

Фото

Во 2016 година, со благослов и во соработка со неговиот надлежен Митрополит, Тимотеј Дебарско-кичевски, тој го возобновува монашкиот живот во уште еден голем македонски духовен центар – Манастирот Пречиста Кичевска, каде испраќа шест монахињи од Рајчица, негови духовни чеда, а исто така го продолжува и монашкиот живот во Кнежинскиот манастир.

Покрај градежните потфати на Архимандритот Партениј, особено значење има неговата силно развиена духовна и општествена мисија, во текот на изминатите две и половина децении. Како искусен духовен раководител, тој со својата духовничка дејност им помогнал на многу души од Македонија и пошироко, да најдат утеха, спокој и решение на животните проблеми. Позната е и неговата хуманитарна дејност, која се состои од помош на лица на кои таа им е најпотребна.

Особено е значајна мисијата на Архимандрит Партениј за помош на лица, пред сѐ од помладите генерации, кои западнале во пороците на наркоманијата, алкохолизмот, коцкањето и сл. Стотици млади луѓе, без разлика на нивната верска, национална и социјална припадност, со помош на отец Партениј, не само што успеале да се ослободат од канџите на зависностите, туку и целосно да се рехабилитираат и ресоцијализираат и така да станат полезни членови на општеството.

Игуменот Партениј, исто така, негува добар однос со црковни великодостојници од неколку помесни православни цркви, со што зема удел во борбата за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, најнапред од страна на Вселенската Патријаршија, како врховна црковна инстанца во православието, а потоа и од останатите помесни православни цркви. Како голем љубител и познавач на македонската историја и на македонското културно наследство, Архимандритот Партениј непрестајно се залага за нивна што поголема афирмација и презентација. Работи активно и на промоција на истакнати личности од нашата национална и црковна историја, како и на запазување на древни црковни и народни обичаи.

Познат како човек на мирот и на почитта кон сите луѓе, без разлика на нивната верска, етничка и социјална припадност, Архимандрит Партениј ги издигна Бигорскиот манастир и манастирот во Рајчица во вистински центри на соживот во реканскиот крај од Македонија.

Со својот филантропски однос кон сите, тој успеа да го направи Бигорскиот манастир силен фактор на безбедноста, стабилноста и соживотот во тој крај, така што ова светилиште стана духовно прибежиште и културна знаменитост не само за православните верници, туку и за Македонците со исламска вероисповед и за етничките Албанци од Македонија, кои имаат голем респект кон манастирот и кон неговиот игумен.

Целиот текст прочитајте го на Religija.mk ТУКА

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Со крстот в рака, фаќачот влезе во Охридското Езеро заедно со голем број верници

Крстот во населбата Варош се фрлаше во казан, а него го фати Никола Чорбе. Тој потоа со крстот во раката влезе во езеротo, а...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Штотуkу споделија медиумите: Најнова вест СИЛЕН земјотрес од 6,8 степени според Рихтер ја погоди Аргентина

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа ја погоди провинцијата Сан Хуан во Аргентина, соопшти германскиот центар за истражување и...

Се огласи Вучиќ за ваkцините кои ни ги даваат: Што би вредело ако ние сме здрави, а тие болни

Српскиот претседател Александар Вучиќ, утрово го коментираше давањето на вакцини на Македонија. На новинарско прашање зошто го сторил тоа, Вучиќ одговори „Што би вредело ако...

Порасна без родители, болеста го сруши: Тажниот живот на ѕвездата од Жиkина династија

Легендарниот актер Драгомир Бојаниќ Гидра најпознат по улогата на Жика Павловиќ од „Жикина Династија“, односно од филмскиот серијал „Луди Години“, има навистина интересна животна...
- Advertisement -