fbpx
10 C
Skopje

Монструм – убил над стотина лица откако ги предозирал

АКТУЕЛНО

Mедицинскиот техничар кој е на издржување на доживотна казна затвор за две убиства e осомничен од германските обвинители дека убил над стотина пациенти. Станува збор за Нилс Хогел кој на пациентите им давал преголеми дози лекови за срце и други медикаменти, бидејќи „уживал во чувството дека е во состојба да ги оживее“.

Обвинителите и полицијата од Олденбурт соопштија дека ги завршиле анализите на телата на пациентите кои починале во времето кога Нилс Хогел работел како медицинсски брат во две локални болници и пронашле уште 16 сомнителни случаи.

Кон крајот на август тие објавија дека е утврдено дека Хогел убил 84 пациенти, покрај двете жртви за кои веќе е осуден на доживотна казна. Според најавите до почетокот на идната година се очекува да бидат покренати дополнителни обвиненија против него.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -