5.9 C
Skopje

Мора да се дислоцираат казината и обложувалниците од албанските градови

АКТУЕЛНО

Николовски: Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ

На денешната прес конференција во Штип генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски го претстави кандидатот на СДСМ за предвремените локални избори, Др. Сашко Николов. „Штипјани...

Д-р Сашко Николов : Солидарноста, професионалноста и работа за сите граѓани подеднаkво е мое мото, моја заклетва пред вас.

Важно е Штип да избере градоначалник, легитимен со мандат од вас граѓаните. Штипјани заслужуваат реализација на проектите кои ги набројав сега, но и на...

Словенците за само 10 дена успеаа да адаптираат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитети во Љубљана

За само десет дена, градежниците успеаја да прилагодат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитет на недовршениот објект на Дијагностичко-терапевтската служба на Универзитетскиот медицински...

Бочварски: Даваме енергија и придонес во насока на подобрување на конекцијата со Бугарија

Во контекст на проблемот со Бугарија, сметам дека во делот на инфраструктурата треба ние да развиваме што е можно посилни и појасни врски помеѓу...

Албанската Влада до крајот на годината ќе ги затвори сите казина и спортски обложувалници во градовите и истите ќе ги дислоцира надвор од населените подрачја за да спречи зголемување на нивниот број, посебно во Тирана.

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека до 31 декември сите игри на среќа ќе мора да бидат дислоцирани надвор од градот, бидејќи било оценето дека „оваа појава не оди во прилог на народот и државата“.

„Оваа е одлука на Владата, која веќе го изготви и амандманот на Законот за игри на среќа, со кој дефинитивно нема да има место за активности на спортските обложувалници во градовите. Исто така ново е и тоа дека се затвораат сите локали за електронски игри на среќа кои сега се на главните улици во градовите во Албанија и ќе бидат достапни само во хотели со пет ѕвезди и се лоцирани надвор од градските средини“, објавија албанските медиуми.

Рама во исто време побара од медиумите во земјата да престанат со рекламирање на обложувањето зашто во спротивно ќе бидат присилно затворени.

Медиуми наведуваат дека голем е бројот на Албанците кои секојдневно учествуваат во игрите на среќа и тој број е во постојан раст.

Тоа се илустрира со податокот дека текот на 2017 година албанските граѓани потрошиле над 130 милиони евра во казина, спортски обложувалници и лото.

Гледано по глава на жител, произлегува дека на игрите на среќа албанските граѓани годишно трошат по 46 евра, што е многу повисок износ споредено со земјите во регионот.

„Ставањето клуч на ваквите објекти во центрите на градовите, кои многу и нелегално работат, можеби ќе „излекува една социјална рана“ но ќе предизвика друга, бидејќи повеќе од 10.000 лица остануваат без работа. Во исто време за сопствениците на деловниот простор, ќе секне изворот на средства кои ги добиваат на име закуп на деловниот простор, кој главно се наоѓа на првите катови на објектите“, наведуваат медиумите.

Инаку, само во осумте најголеми фирми за игри на среќа вработени се најмалку 7.000 албански граѓани, кои по 31 декември ќе останат без работа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Богојески за бугарската министерка за надворешни: Жалам што госпоѓата Захариева се наоѓа во состојба на тешко психичко пореметување

Премиерот на Македонија, Зоран Заев во денешна изјава за медиумите говореше за можна средба со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и проблемите кои се...

Д-р Сашко Николов: ќе останам доктор за сите граѓани и покрај мојата функција

Кандидатот за градоначалник на општина Штип, Д-р Сашко Николов истакна дека и покрај тоа што започнавме со изборната кампања за предвремените локални избори во...

Мистериозен млад човек ја разбранува јавноста: Среде литургија го извади мобилниот – што се обидуваше да направи (фото)

За време на целата литургија, погреб и церемонија одржана во чест и во името на патријархот Иринеј, граѓаните на Србија имаа можностда видат мало,...

Со вградување на плин се оштетува моторот на aвтомобилот?

Со цел да се намалат средствата кои ги даваме за користење на автомобилот, често кај нас граѓаните се одлучуваат за вградување на плин во...

СРУШЕНИ ЦРНИ РЕКОРДИ: Нови 5.067 лица се новозаразени, 38 пациенти почиnaa, се поголем број пациенти на респиратори во Србија (Фото)

Во последните 24 часа во соседна Србија се тестирани над 15.000 граѓани од кои дури 5.067 лица се позитивни на Ковид-19. Нажалост почиnале дури...
- Advertisement -