fbpx
12 C
Skopje

Морков и целер против афлатоксинот

АКТУЕЛНО

Кикириките, бадемите, фстаците, зачините, пченката, оризот, растителните масла, лутите пиперчиња и компирот се само некои од производите, покрај млекото, во кои може да се најде афлатоксин.

Експертите предупредуваат дека и најмалото количество во подолг период може да го загрози здравјето, па кога веќе луѓето немаат заштита од строги закони, тогаш тука се силниот имунитет и исхраната. Освен што е отровен, афлатоксинот е сериозен бидејќи може да преживее и многу процеси на преработка на производите.

„Штетните ефекти на афлатоксинот врз организмот зависат од годините, нивото и должината на изложеност, здравјето и имунитетот, како и од исхраната. Проблеми можат да се јават и при внесувањето на мали количини за време на подолг период, бидејќи во храната не треба да се наоѓа ниту промил од овој отров“, сметаат нутриционистите

Според експертите, разновидната исхрана со повеќе морков, целер и магдонос го зајакнуваат имунитетот и му овозможуваат на организмот да се избори со афлатоксинот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -