6 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Можеби ќе мора да се влегува по домови за да се изолираат членови на семејства

Минатата недела, доктор Мајкл Рајан, лидер во Светската здравствена организација, даде една прилично контроверзна изјава во врска со ширењето на COVID-19 и начините за справување со пандемијата.

Познатиот епидемиолог рече дека како дел од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, властите можеби ќе мора да влегуваат по домови и да отстрануваат членови на семејствата за да ги изолираат.

Рајан, извршен директор на Програмата за здравствени вонредни состојби при СЗО, рече:

„Во повеќето делови од светот, поради карантините и домашната изолација, голем дел од заразувањата што се случуваат во многу земји всушност се случуваат во домаќинствата од еден член на семејството на друг.

На некој начин, трансмисиите се тргнаа од улиците и влегоа во семејните заедници.

Сега, ќе мора да ги проверуваме семејствата, да откриеме кој е болен и да ги отстраниме тие членови и да ги изолираме на безбеден и достоинствен начин.“

Она што загрижува е што поминаа неколку дена од оваа изјава без реакции од светските лидери и граѓанските организации, а исто така останува нејасно што значи отстранувањето на луѓето од нивните домови „на безбеден и достоинствен начин“.

И што во случај кога заразениот член на семејството е малолетно дете?

Извор: Кајгана

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.