fbpx
18.8 C
Skopje

Можно е Бугарија да и дозволи на Македонија да користи нејзини амбасади

АКТУЕЛНО

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева потврди дека е можно Бугарија да ѝ дозволи на Македонија да ги користи нејзините амбасади таму каде што нема свои.

Можно е Бугарија да и дозволи на Македонија да ги користи бугарските дипломатски претставништва во странство, каде што нашиот сосед нема свои. Ова вчера неформално го разгледаа премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев. Ова ќе биде уште еден знак за зближување“, изјави за БНТ шефицата на бугарската дипломатија.

Бугарскиот премиер на средбата со неговиот македонски колега Зоран Заев во Рим предложил Бугарија и Македонија да отворат заеднички дипломатски претставништва каде двете земји се уште немаат свои амбасади.

„Скандинавските држави споделуваат амбасади, за да штедат пари. Можеме да направиме таму каде што ние немаме и вие каде немате, да работиме заедно“, предложил Бојко Борисов на приемот во бугарската амбасада во Рим по повод празникот 24 мај, на кој присуствуваше и македонскиот премиер, Зоран Заев.

Борисов, како што пренесуваат известувачи на бугарски медиуми, рекол дека ова е возможно „ако станеме прагматични, тогаш ќе сфатите дека можеме да направимеуште подобри работи“.

Борисов уште додал дека „венците од Македонија и од Бугарија пред споменикот на Кирил и Методиј во бугарската амбасада во Италија не си пречат“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -