fbpx
0.8 C
Skopje

МПЦ во недела ќе го прогласи за светец Јоаникиј Ракотински

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

За време на централната манифестација во периодот од 7.30 до 12.30 часот, булеварите околу Соборниот храм ќе бидат затворени за сообраќај

д оваа година, 24 септември ќе се празнува како ден на свети Јоаникиј Ракотински, кој во недела ќе биде внесен во календарот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Канонизацијата ќе се случи викендов во Скопје.

– Ова е важен настан кој се случува ретко, можеби еднаш во сто години – вели отец Бобан Митевски од Скопската епархија, и на него се очекува да присуствуваат голем број верници.

Досега за централната манифестација во недела, најавени се девет автобуси од другите епархии, а во Скопје ќе има и организиран бесплатен превоз со автобусите на ЈСП (распоредот е објавен подолу).

Според најавите од МПЦ, на 23 септември предвидена е вечерна богослужба во 17.30 часот, а потоа и помен за Јоаникиј Ракотински во Соборниот храм со која ќе началствува г.г. Стефан. Во недела, манифестацијата ќе почне во 8 часот наутро, од мостот Гоце Делчев ќе тргне света литија со пренос на моштите. Рутата ќе води по булеварот Илинденска, кон булеварот Св. Климент Охридски се до Партизанска, односно до пред Соборниот храм каде архиепископот ќе ги преземе моштите и ќе се ознани одлуката за прогласување за светител. Централниот настан ќе почне во 9 часот. Во меѓувреме, информираат од МПЦ, во храмот ќе тече божествена литургија.

Во недела, во периодот од 7.30 до 12.30 ќе будат затворени и булеварите и улиците по кој ќе се движи светата литија околу Соборниот храм.

Канонизацијата на Јоаникиј Ракотински се случува во годината кога се одбележуваат 50 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Претходно по тој повод беше канонизиран Св. Кипријан Слепчески, а во изминатите 50 години за светци беа прогласени и Новомачениците од манастирот Пречиста и 40-те битолски маченици. Од МПЦ, велат оти во моментов се испитуваат и животите на други кои би можеле во иднина да се впишаат во православниот календар односно да бидат прогласени за светци, но велат, тоа е долг процес.

– Тој процес е комплексен и бара добро истражување, не може ако се слушне за некое чудо веднаш да се прогласи некој за светец. Таквото истражување на светоста на животот може да трае и по 20-30 години, а некогаш може да се изразува и во векови додека да се најде вистинското сведоштво и да се потврди светоста на дадениот човек. При Комисијата за канонизација имаме предлози и за канонизација и на други кои живееле или делувале во духовниот простор на Македонија, но се уште немаме потврда и не се знае каков ќе биде исходот – вели отец Бобан Митевски.

Јоаникиј Ракотински, како што наведуваат од МПЦ, е светител кој живеел во 20 век, починал кон во 40-тите години. По потекло е од Охрид, живееле по разни манастири во Скопје, а на завршил во манастирот во Ракотинци.

– На чудотворен начин неговите мошти имаат излезено од гробот и населението кога го видело чудото и дека моштите биле нераспаднати, ги поставиле во селската црква во Ракотинци. Поради времето во кое сме живееле, биле вратени во гробот. Потоа се говори за уште едно чудесно излекување – раскажува отецот.

Како што велат од МПЦ, тој бил човек од народот, им помагал на луѓето, има напишано и автобиографија и книга за лекови со билки. Чуда, додава отец Митевски, се случувале и по неговата смрт за што постоело и сведоштво за тоа. Имено, делче од неговите мошти се наоѓаат во манастирот Св. Јован во Берц, Грција, а сведоштвото кое го кажуваат од МПЦ, е дека таму се случило чудо со жена болна од рак која се излекувала откако се молела пред тие мошти.

Термините и локциите на тргнување на автобусите во Скопје за во недела се следни:

1. Ѓорче Петров
Тргнува од с.Волково последна 22-ка во 08:00 часот, попат застанува на следниве локации:
• Ново Село веднаш после пругата
• Населба Даме Груев
• Ѓорче Петров црква Петар и Павле
• Наспроти Sity mall
• Хотел Карпош (наспроти Хотел Карпош кон центар).
• Врти
• Јосип Броз

2. Кисела Вода
Тргнува од последна линија 41 во 7:45 часот, попат застанува на следниве локации:
• Поранешна последна 41
• Пазарче Драчево
• Пинтија
• Градинар
• 11 Октомври
• Кисела Вода (катастар)
• Рекорд
• Јосип Броз

3. Аеродром
Тргнува од последна 5-ка во 08:00 часот, попат застанува на следниве локации:
• Капитол
• Три бисери
• Транспортен центар
• Југо дрво
• Рекорд
• Јосип Броз

4. Бутел
Тргнува од последна 57-ца во 08:00 часот, попат застанува на следниве локации.
• Населба радишани 3ти влез
• Населба Радишани 2ри влез
• Населба Радишани 1ви влез
• Радишани на мостот
• Расадник
• Бутел после полицијата
• Пазарче Бутел
• Стара Општина Бутел
• Чаир кај Комерцијална банка
• Бит Пазар пред Зегин
• Врти кај Стоковна и оди преку Рекорд на Јосип Броз

5.Гази Баба
Тргнува од последна 65-ка Стајковци во 08:00, попат застанува на следниве локации
• Стајковци сред село
• Ченто пред бензиската Макпетрол
• Ченто наспроти пекара 10ка
• Автокоманда наспроти ЈСП и Алкалоид
• Бит пазар пред 26 јули
• Рекорд центар
• Јосип Броз

6. Ракотинци
• с. Ракотинци
• Јосип Броз

 

Фото: МИА

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Скијање и прошетка без почитување на мерките: Каде е сега ЕБР?

Центарот „Нижеполе“ преполн на почетокот од скијачката сезона. Посетителите го користат викендот за скијање и прошетка, по најавата дека стазата е отворена, но и дека...

Убаво: Владата ќе дели помош за купување на сончеви колектори, пвц прозори, печки на пелети

Најновите вести од Македонија и светот На предлог на Министерството за економија, беше разгледана и усвоена Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и...

Еkс сопругата на екс директорот си го промени презимето на фејсбук и инстаграм: Еве како се презива сега

Агенса Ораноска, поранешната сопруга на екс-директорот на АЕК, Роберт Орданоски го промени презимето на профилите на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“, два дена откако Орданоски...

ШOK ПРЕД ХОТЕЛОТ НА ЏОКОВИЌ: Српски навивач сакаше да оди во собата на Ноле, реагираше ПОЛИСИЈА (ВИДЕО)

Правилата се прилично строги и тенисерите не можат да го напуштат хотелот, освен кога одат на тренинг. И додека Новак одмараше во својата соба,...

Колев: Да го зaпалиш знамето на државата која дала државјанства на илјадници твои граѓани за работат низ цел свет е меко кажано невоспитано

Да го запалиш знамето на државата која прва не призна и испрати јасен сигнал кон целиот свет дека Македонија ќе биде самостојна и суверена...
- Advertisement -