fbpx
37.8 C
Skopje

МПЗ „Тврдокорни“ со демант – Ние сме капислата која ќе го запали јадрото на МАКЕДОНШТИНАТА заспана!

АКТУЕЛНО

Новоформираното Македонско патриотско здружение „Тврдокорни“ со демант околу сомнежите за тоа од кого и зошто се формирани, откако претходно професорот Новковски во изјава за „Поглед.мк“ вели дека најверојатно истите се формирани од групации блиски до актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не барајте во нас партија! Не не премерувајте на чива страна натеженуваме. Натежнуваме исклучиво кон нашата Македонија. Не примаме туѓи пари и било каква помош! Од свој џеб печатиме симболи, патуваме и правиме средби со браќата. Еланот кој го има во овој народ не мотивира ова да продолжиме да го правиме. Секоја клетка од телото на оваа земја болува. Од неморал, корупција, кодоши и изроди на родот наш. Но ние ја гледаме светлана страна во оваа приказна. Веруваме во нашиот народ. Ние сме капислата која ќе го запали јадрото на македонштината заспана и она што ќе го поврзе нашиот крвоток. Во минатото нашите браќа менувале нација, дел смениле вера, дел загубиле верба и клекнале. Но она што остана да живее во денешна Македонија е она нескршливото кое не успеал никој да го скрши. Ние сме тие кои мора да ја воздигнеме својата земја. Време е за крај и за нов почеток. Ние ќе ја поведеме нашата младешка, македонска револуција! Тоа им го должиме на нашите предци, нашите деца и идни поколенија! Време е сите да видат, како се сака Македонија! МАКЕДОНЕЦ ЗА МАКЕДОНЕЦ, БРАТ ЗА БРАТ!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -