fbpx
14.8 C
Skopje

Мухиќ: Договорот за името е штетен, Владата е должна да им објасни на граѓаните какви промени ќе има во Уставот

АКТУЕЛНО

Независниот пратеник кои е дел од владејачкото мнозинство во Собранието на Република Македонија Ферид Мухиќ за порталот „А1он“ не сакаше да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името, како и дали ќе гласа за уставните промени кои следуваат по референдумот, но истакна дека Владата на граѓаните кои го даваат својот глас, им должи објаснување кои конкретно уставни промени би се случиле во Собранието на РМ.

– Граѓаните ќе го дадат својот глас на референдумот, но не знаат прецизно кои се уставните промени, Владата на граѓаните им е должна образложение кои се точно најавените уставни промени, вели Мухиќ.

Според пратеник овој договор е штетен за Република Македонија и неговите ставови за истиот остануваат непроменети.

Целиот напис на А1он.мк – ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -