fbpx
16 C
Skopje

Мурињо со главоболка – повеќе од половина тим ќе недостасува против ВБА

АКТУЕЛНО

Медиумите во Англија пишуваат дека Жозе Мурињо повторно ќе има главоболки, откако неговиот тим Манчестер Јунајтед ќе игра без повеќемина првотимци против Вест Бромвич Албион.

Се освен победа за „црвените ѓаволи“ ќе биде и повеќе од изненадување, додека пак евентуална победа ќе значи и влез во ТОП 4 на табелата.

Покрај суспендираниот Златан Ибрахимовиќ, во тимот ќе го нема и Андре Ерера исто поради суспензија. Поради повреда ќе го нема и лидерот од средината на теренот Пол Погба, а од иста причина во составот нема да бидат уште Крис Смолинг и Маруан Фелаини.

Во тимот ќе недостига и капитенот Вејн Руни исто така поради повреда, а отсутен ќе биде и Фил Џонс кој во текот на целата сезона се мачи со низа повреди.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -