fbpx
18 C
Skopje

Мустафа: Формирањето војска може да се случи само со поддршка на меѓународните пријатели

АКТУЕЛНО

Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека формирањето војска на Косово може да се случи само во соработка со меѓународните пријатели.

Формирањето армија ќе се случи единствено во координација со САД и НАТО, изјвави Мустафа во Подујево, на собир по повод 17-годишнината на неговата партија Демократски сојуз на Косово.

На процесот на трансформација на БСК во војска, остро се спротивстави американскиот амбасадор во Приштина, Грег Делави, кој изјави дека такво нешто не може да се случи без уставни измени. Дека тоа не треба да се случи порача и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

За разлика од него, косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека процесот на  трансформација на безбедносните сили во војска на Косово ќе се случи набрзо.

„Не е едностран чекор, но доколку некој смета дека Косово треба да се координира со Србија, такво нешто нема да се случи. Од премиерот на Србија, Александар Вучиќ побарав да влијае за враќање на Србите во институциите на Косово, со цел да се изгласа формирањето на Заедницата на српски општини, договорот за демаркација на границата со Црна Гора, како и уставните измени за БСК, но нивниот одговор беше колеблив, поради тоа враќање назад нема. БСК треба да се трансформираат во војска“, нагласи Тачи.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -