fbpx
37.8 C
Skopje

МВР ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 500 ПОЛИЦАЈЦИ

АКТУЕЛНО

Триесет и четири полицајци со завршена обука бараат министерот за внатрешни работи да го исполни ветувањето и да ги вработи.

Велат ќе кампуваат пред министерството доколку не им биде решен статусот.

Инаку денеска, Министерството за внатрешни работи распиша јавен оглас за вработување на 500 нови полицајци, од кои 360 ќе бидат распределени во СВР Скопје, во СВР Охрид – 30, во Битола, Струмица, Штип, Куманово и во Велес по 20 полицајци и во СВР Тетово – 10 полицајци.

Од Министерството информираат дека избраните кандидати ќе имаат основна обука за полицаец во траење од една година, по што со МВР ќе склучат договор за вработување. Кандидатите ќе имаат статус полицаец – приправник и ќе бидат обврзани на работното место да останат најмалку пет години.

Кандидатите за полицајци треба да бидат државјани на Македонија, да се полнолетни, активно да го користат македонскиот јазик, да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование и да се здравствено и психофизички способни.

Постапката за селекција на кандидатите ќе ја спроведува комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од министерот за внатрешни работи.

„При спроведување на селекцијата, на пријавените лица им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба“, се вели во огласот на МВР.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -