fbpx
14.8 C
Skopje

МВР со детали за излетаната Лада во реката Луда Мара

АКТУЕЛНО

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 17:15 часот на регионалниот пат Кавадарци – месност „Мушов Гроб“, на последниот мост од реката Луда Мара во селото Ваташа, патничко моторно возило „Лада Самара“ со скопски регистарски ознаки управувано од 17 годишно лице од Кавадарци, во кое имало уште четворица сопатници, излетало од патот во речното корито.

Од незгодата со повреди се здобил возачот на возилото кој бил задржан на лекување во Општа болница Кавадарци.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -