fbpx
10 C
Skopje

На чија страна ќе биде Мицкоски: Тодоров бара разрешување на Василевска од ВМРО-ДПМНЕ

АКТУЕЛНО

Поранешниот функционер во ВМРО-ДПМНЕ и министер за образование и здравство, Никола Тодоров, во разговор за Дојче веле, испрати, како што вели, „отворен и искрен повик до Христијан Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ” да поведат постапка за разрешување на Иванка Василевска од Извршниот Комитет, како и дисциплинска постапка за нејзино исклучување од партијата.

Реакцијата следи по интервјуто на Василевска во српски медиум, со тези спротивни на стратегиските цели на партијата и државата. Таа подоцна испрати демант до српскиот медиум каде ја демантираше формата („не се работи за интервју, туку за слободен разговор, академско толкување на состојбите на Балканот”), но не ја демантираше содржината на изјавите кои предизвикаа незадоволство во јавноста.

„Како долгогодишен член и функционер на ВМРО ДПМНЕ, неправедно исклучен поради јавно искажан збор и борба за остварување на стратегиските цели на партијата и државата, испровоциран од интервјуто на г-ѓа Иванка Василевска од 24.10.2019 за српскиот медиум ‘stanjestvari.com’, ги повикувам и апелирам веднаш да ги свикаат надлежните тела на партијата и без одлагање да ја разрешат г-ѓа Иванка Василевска од функцијата член на ИК на ВМРО- ДПМНЕ, како и да поведат дисциплинска постапка за нејзино исклучување од партијата, бидејќи делува и работи спротивно на стратегиските цели и интереси и на партијата и на државата.

-Ова, од причина што Василевска со посоченото интервју сериозно го наруши угледот и реномето на ВМРО-ДПМНЕ, како дома така и во странство“, изјави Тодоров за Дојче веле.

Целото интервју на Тодоров за Дојче Веле прочитајте го ТУКА.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -