fbpx
11 C
Skopje

На Грците им здодеа од предвремени избори, сакаат нови економски мерки

АКТУЕЛНО

Над 60 проценти од Грците преферираат нови економски мерки со цел да се добие новата помош од меѓународните кредитори, отколку одржување предвремни избори, покажува истражувањето, спроведено од агенцијата Капа рисрч за весникот „Вима“.

И покрај силната поддршка за продолжување на реформите за намалување на буџетскиот дефицит анкетата, објавена денеска, открива и некои негативни ставови за финансиските последици од реформите.

Четириесет проценти од анкетираните веруваат дека планираните реформи негативно ќе се оздразат врз Грција. Само 11 проценти изразуваат надеж во врска со реформите, кои ги бараат кредиторите.

Грција доби три спасувачки програми од меѓународните кредитори од 2010 година досега. Последната спогодба за кредит со вкупна вредност од 86 милијарди евра беше договорена во јули 2015 година. Од таа сума досега се усвоени 31,7 милијарди.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -