fbpx
21.8 C
Skopje

На повидок нова кинеска Википедија?

АКТУЕЛНО

Кина има амбициозен план да направи кинеска енциклопедија која ќе ѝ пркоси на Wikipedia.

South China Morning Post објавува дека овој дигитален проект ќе вклучи околу 20.000 научници кои ќе бидат задолжени за збогатување и рецензија на содржината. Наспроти Wikipedia, која дозволува јавноста да ги објавува и изменува статиите кои ги содржи, во кинеската верзија тоа ќе им биде дозволено само на избраните научници.

Нејзиниот обем би бил колку оној на Wikipedia на кинески јазик, со дупло повеќе содржина од Encyclopaedia Britannica и повеќе од 30.000 статии. Овој енциклопедиски ривал се очекува да заживее во 2018.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -