fbpx
-3 C
Skopje

На протести можат, на избори не можат

АКТУЕЛНО

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...

Како и пред неколку месеци, и овој пат деновиве се актуелизира прашањето дали се потребни избори за време на коронакриза? И тогаш и денес имаше два различни табори, две спротиставени мислења. СДСМ сметаа дека е можно да се оди на избори и дека треба да се оди час поскоро на избори поради тоа што не очекува есенски бран кој го најавуваше и СЗО, кој нема да остави рамнодушен никого, па ниту Македонија. ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека е потребно да се оди на избори во Септември, поради тоа што ситуацијата со коронавирусот е загрижувачка. Се најде некаква „златна средина“ која беше поблизу до мислењето на СДСМ, а победник од тие избори излезе токму сегашниот премиер Зоран Заев и партијата СДСМ.

Сега повторно е актуелно прашањето – потребни ли се сега локални избори во Штип и Пласница, ако на тоа се додаде бројката на новозаразени на дневна основа? ВМРО-ДПМНЕ смета дека изборите треба да се одложат и тие досега немаат пријавено свој кандидат за градоначалник иако рокот за пријавување е до утре на полноќ. Во еднва ваква ситуација кога ние повторно имаме многу загрижена опозиција и загрижен лидер на опозицијата се поставува прашањето – а зошто ВМРО-ДПМНЕ во низа изминативе недели организираше протести со по 400, 500 луѓе меѓу кои немаше никакво растојание и почитување на мерките и протоколите за организирање на ваков тип настани со оглед на лошата состојба со вирусот во државата?

Протести во низа. Де за струјата, де за воздухот (за кого забораваа да протестираат 11 години), де за Гоце Делчев, де за ова, де за она. Наеднаш ВМРО-ДПМНЕ се претвори во партија на улицата, а Мицкоски во спасител за народот. Не иде тоа така другари. Не велам дека избори се најпотребното нешто во државата, но добро е да знаете дека ние граѓаните имаме отворени очи, добро слушаме, гледаме, анализираме, а врз основа на тоа на крајот од денот и донесуваме заклучок и цениме како стојат работите. И еве како стојат. Прашање е дали СДСМ во изминатиов период работеше онака како што ветуваше. Веројатно, како и секоја власт и тие имаат свои пропусти. Но подобро е и прашањето – што правеше опозицијата? Како тоа корона нема кога ДПМНЕ шетаат по улиците, а корона има кога граѓаните ќе треба да излезат на избори, со маска на лице, со растојание, средство за дезинфекција и почитување на мерките и протоколите. Како тоа корона нема кога ќе се седи по кафулињата по 5, 6 луѓе на маса, а корона ќе има кога еден човек ќе се појави зад параванот, во просторија во која седат луѓе со растојание, со маски и целосно почитување на протоколите за спроведување на избори? Како тоа една Америка можеше да организира избори, а ние овде во Штип и Пласница не можеме?

Одговорот е сосема јасен, стратегијата уште повеќе јасна. Не е дека ви е многу до граѓаните и коронавирусот, туку повеќе ви е поради тоа што вака така со неучество на изборите ќе избегнете прилика за да ве прогласат за поразени. Ќе избегнете прилика да кажете дека Вие сте тие кои изгубиле повторно избори. Од друга страна ќе фрлате со дрвја и камења дека ете некој друг е виновен за целата ситуација, неодговорен, некој друг не се грижи за граѓаните и за време на пандемија го ризикува нивниот живот. Така не се игра политика, така не се глуми политичари, така не се освојува власт.

Власт се освојува со визија, храброст и храбри чекори. Власт повеќе не се освојува со популизам, билдање на национализам и лажен патриотизам. Власт се победува со визија за иднината!

Автор: Симон М.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: Неприфатливо е добивање државјанство со сведоци, мора да има доказ

Премиерот Зоран Заев останува на ставот дека барањето на албанската опозиција со три сведоци да се даде државјанство на тие што сè уште имаат...

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...
- Advertisement -