fbpx
15 C
Skopje

На Северина и е одземено старателството над 7 годишниот син: Таа со емотивно писмо и фотографии кажа дека нема да се откаже од него

АКТУЕЛНО

Вчера, хрватскиот суд одлучи да ѝ го одземе старателството на Северина над 7-годишниот син, а денес таа напиша писмо до него, кое ќе ви го стопи срцето.

Северина беше скршена од тага по одлуката на судот да ѝ биде одземено старателството, но таа не се откажува од синот и докажува дека ќе му биде најдобра мајка дури и ако не се секојдневно заедно.

На Инстаграм таа објави емотивно писмо со неколку фотографии кое нема да ве остави рамнодушни:

„Знаеш сине, тоа се само некои листови кои некој ги испишал, а на нив има некои букви кои некој ги скоцкал во зборови, а тие не вредат за нас двајца.

Нè одземаа еден од друг физички, но тоа е единственото што можат да го направат. По 7 ипол години, сега ми даваат да те гледам 88 часа месечно. Еј, па тоа се сепак 88 часа. Можеа да бидат и помалку, беа подготвени на сè и направија сè за да нè повредат.

Но, знаеш ли што сè можеме, ти и јас за тие 88 часа? Можеме чуда. Ми дозволија двапати месечно да преспивам со тебе и да те успивам… Еј, колку можеме да си изнакажеме за тие две вечери, тие не можат ни да замислат. Сите други вечери мама ќе те замислува. Бидејќи ти се претвораш во секоја моја мисла и секоја моја мисла се претвора во тебе.

Некои луѓе можат да ми те забранат, но не можат да ми забранат да те сакам, да мислам на тебе секоја секунда. Ова е сине, само еден гаден сон и мама ветува дека брзо ќе се разбудиме. Повторно ќе се успиваме секоја вечер, а за тоа ќе одлучи „господинот време“. Дотогаш, мама ќе биде секогаш покрај тебе и ова брзо ќе помине сине.

Извини што не стигнав ни да ти објаснам што се случи вчера, имавме многу поважни работи… Гледавме „Toy Story 4“, па правевме палачинки, па си игравме во зоолошка… Немаше време за тага ниту за објаснување… Морав да те одведам… Отидовме со насмевка…

Тие чудни зборови кои постојат само на листовите, но не и во реалноста, ги напиша една тетка која не знае кои сме ние и која само си игра со нас… Тетката е на повисоко ниво во играта. Воведе нови правила во играта наречени „хрватско правосудие“. Ние едноставно не го имавме ова предвид, не ги знаевме правилата. Тоа се нејзини правила, нивни, не наши.

Само ти мене биди ми добро и сè ќе биде во ред. Мама е добро, Робине мој, твојот Бетмен те чека.

И прости им сине, бидејќи навистина не знаат што прават“…

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -