fbpx
5 C
Skopje

На трибините ќе имало вистински хаос: Тајната полиција на Црна Гора требало да влезе меѓу Делии

АКТУЕЛНО

Според порталот borba.me, пред одложувањето на дербито Будуќност – Црвена звезда кое беше закажано од 18:00 часот, но не се одигра затоа што гостите не се појавија во Морача, било планирано да се случат немири на трибините во црногорската престолнина.

„Во кујната на тајната полиција на Црна Гора се подготвува(ло) сценарио според кое би се предизвикале инциденти, а прстот би бил вперен кон Србија“. – се вели, меѓу другото, во текстот објавен на borba.me.

Овој текст беше објавено уште пред и официјално од Црвена Звезда да потврдат дека нема да гостуваат и нема да ризикуваат да се појават во Црна Гора.

Играчите на Будуќност се појавија на терен, судијата ја фрли топката и потоа свирна крај. Ќе биде регистрирана победа од 20:0 за домаќинот, а за други санкции кои ќе ги добие тимот на Црвена Звезда ќе се знае по крајот на колото.

Повеќе прочитајте на порталот БОРБА.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -