Најмалку 31 настрадале при експлозија во колумбиската метропола Богота во недела на планираниот протест.
Повредени се 31, а двајца од нив се во критична состојба како резултат на експлозијата, што избувна изутринава, соопшти претставник на месните власти.
Согласно податоците, најмалку 20 од повредените се полицајци. Причините за инцидентот се уште не се познати, а во моментот се уапсени двајца осомничени.