25 C
Skopje

Надвор од памет е да се прифати референдум! САМО БОЈКОТ МУ Е МАЈКАТА

АКТУЕЛНО

И Апасиев се огласи за Палчо: Ќе формираме наша црвена милиција

По немилиот настан со Љупчо Палевски – Димитар Апасиев се огласи на фејсбук: Ја не се сеќавам у време на Грујо вака со шипки и...

Груби со најава: Владатa ќе разгледа дали да субвенционира вработување на албанците и граѓани од други помали етнички заедници

Во синоќешното гостување емисијата „Клик плус“, вицепремиерот Артан Груби најави дека Владата ќе ја разгледува можноста за субвенционирање на приватните компании кои ќе вработат...

Премиерот Заев со владина делегација во дводневна посета на Атина

Конференцијата на угледниот магазин „Економист“ како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот, оваа година е посветена на темата „Европа: Зајакнување...

Да, да! Само БОЈКОТ му е мајката, господине Груевски! Само не-излегување на референдум, само останување во својот дом е единствена опција за зачувување на името – Република Македонија, господине Груевски! Токму Вие, господине Груевски, сте преговарале за промена на името на Република Македонија со грчката страна (барем по она што го слушнавме во бомбите), токму Вие, сте дозволиле промена на името на Република Македонија и тоа во неколку наврати (но, за жал не сте нашле заеднички јазик со нашиот сосед). Затоа, господине Груевски, наместо да делите памет по социјалните мрежи за тоа колку е лош вашиот политички противник (иако, веќе не е ваш, туку е на вашиот наследник) ако веќе имате некаков авторитет во партијата, ако веќе можете да дејствувате како екс претседател чиј глас се уште има тежина внатре во партијата, дајте посоветувајте ги вашите наследници да го бојкотираат овој референдум.
Да, господине Груевски! ДА ГО БОЈКОТИРААТ! Бидејќи само БОЈКОТ е спасот за промена на име. Или веќе се договоривте!? Ќе билдаме национализам и патриотизам, фрлајќи со камења и дрва по својот политички непријател, истовремено учествувајќи во поддршката на самата промена на име – со излегување на референдум, односно со негова поддршка и обезбедување цензус на истиот!

Со давањето поддршка на референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се дава целосна поддршка за успешен референдум, за чиј исход на крајот вината ќе биде префрлена токму на граѓаните и тоа со зборовите: Да, ние го поддржавме референдумот со цел да се слушне гласот на народот. И покрај нашите „напори“ народот гласаше за промена на име, така да, народот е крив и тоа е негова желба и волја.

Така да, „патриоту“… твоето време во Македонија одамна е завршено! Доаѓа време во кое оние кои имаат љубов и кон ВМРО, но и кон нашата мајка татковина Република Македонија тебе и ваквите узурпатори на четирите свети букви В М Р О ќе ги испратат во историјата! Секое твое појавување во јавноста, дали на социјални мрежи, дали на медиуми, било каде… е само и само штета на новото раководство на партијата! Затоа, му порачуваме и на господинот Мицкоски!

ПРЕСЕЧИ!!! Биди храбар, биди маж, биди лидер, биди доблесен, биди чесен спрема својот народ! ИСПРАВИ СЕ! ДИСТАНЦИРАЈ СЕ од ваквите ликови кои 11 години буквално ја узурпираа ВМРО – Внатрешната Македонска Револцуионерна Организација, само и само за свое лично богатење, омаловажување на македонскиот граѓанин и неговиот глас, како и оддалечување на Македонија од портите на ЕУ и НАТО.

Пишува: Бранко Димитровски

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Владата продолжување со креирање на мерки: Платежни картички за пензионери, невработени и самохрани родители

Владата предводена од СДСМ и во новиот мандат продолжува со креирање и реализација на мерки, со кои им помага на граѓаните и на компаниите...

ВИДЕО: Бизарен тренд се шири на „ТикТок“, лекарите вознемирени

На социјалната мержа „ТикТок“ се појави нов бизарен тренд – децата се снимаат како ги стругаат забите со турпија за нокти, а потоа видеата...

Временска прогноза: Следуваат пониски утрински температури

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почесто во северните делови и попладне. Претпладне особено во јужните делови ќе има услови за краткотарен...

Ковачев: Македонија се држи до системот на диктатура на Тито

Во Договорот стои дека заедничката Комисија треба да работи врз основа на факти, а не врз мислење и тука да се зема во предвид...

Врие од полиција – МВР ја бара Горде, здувна ли?

Новинарот Фуркан Салиу вечерва сподели интересен фејсбук статус во кој вели МВР многу по внимателни со Јанкуловска. Патроли поставени на секој излез во зградата кај...
- Advertisement -