fbpx
8 C
Skopje

Најава за масовен протест: Мајка му на Пино најави марш во чест на својот син

АКТУЕЛНО

Мајката на Пино Секондо, Маја Трпковска преку својот Фејсбук профил најави дека утре (вторник) ќе се одржи мирен протест во чест и сеќавање на нејзиниот син.

-Утре вторник 10 декември во 17 часот ќе направиме мирен протест, марш за сеќавање на денот кога моето синче исчезна. Денот кога моето дете го убија.

Денот кога Ангела Георгиевска и Али Фуркан се ставија на местото на Господ и го одземаа животот на моето дете. Во името на моето дете и во име на сите синчиња и ќеркички што се исчезнати, убиените и починатите во Република Македонија ве молам дојдете на овој мирен протест.

Дојдете за сите деца. Тоа што се случи на моето дете може да се случи на секое друго дете и пак уште една мајка, татко, брат, сестра да патат како мене. Ви благодарам на поддршката.

Протестот ќе биде пред Собрание.

Utre Vtornik 10 Dekemvri vo 17.00 casot ke napravime miren protest, Mars, za sekavanje na denot koga moeto since…

Posted by Maja Trpkovska on Monday, December 9, 2019

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -