fbpx
6.8 C
Skopje

Најдобриот градоначалник на СДСМ извисен: Нема да е член на Централниот одбор

АКТУЕЛНО

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, како и претседателката на Советот Атина Мурогашанска, нема да бидат нови членови на Централниот одбор на СДСМ Куманово. На општинска конференција при гласање за нови кандидати поминале минисерот Оливер Спасовски, пратениците Мартин Костовски и Лидија Тасевска, но не и Димитриевски. Во однос на ваквиот епилог реагираше и кумановскиот градоначалник Димитриевски, кој за Локално изјави дека е разочаран во демократскиот капацитет на раководството на СДСМ во Куманово, пренесува Фокус.

-Апсолутно го разбирам незадоволството на делегатите и членовите и заедно со нив ќе ги искористам во рамки на статутот на партијата сите правни капацитети оваа неправда да биде корегирана бидејќи паријата им припаѓа на сите членови и истата претставува здружение на граѓани кои се здружиле да реализираат заеднички цели.

Во ниту еден случај партијата не е акционерско друштво кое припаѓа на поединци и или група блиска до нив по различна основа користејќи ги јавните функции да вршат притисок врз обичните членoви во делот на носењето на одлука – вели тој во изјава за ФОКУС.
Извор: Фокус
Прочитајте ја целосната статија на ФОКУС.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -