7 C
Skopje

50 автомобили произведени во Југославија (фото)

АКТУЕЛНО

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...

Костадинов: 470 милиони рвра изнесува четвртиот пакет антикризни мерки за граѓаните

Ребалансот на Буџетот за 2020 година обезбедува навремена и ефикасна помош за работниците, ранливите категории граѓани, но и за компаниите погодени од коронакризата, изјави...

Во денешно време сите до еден политичари на просторите на бивша Југославија се радуваат како мали деца кога ќе успеат да донесат некој под-изведувач кој ќе успее да отвори мало погонче за правење делови од жмигавци за автомобил. Не збориме притоа за отварање или рестартирање фабрика за производство на автомобили, пишува blok.zk.mk

Но верувале или не над 50 модели на автомобили од десетина најпознати марки се произведувале во поранешна Југославија.

Во поранешна Југославија се произведувало се’ и сешто, а тоа што скоро сите брендови на автомобили ги нема е знак на економско назадување, сакале да признаеме или не. Она што е сигурно е дека СФРЈ своевремено била индустриски гигант во автомобилската индустрија во светски размери.

Кога некој ќе ве праша за автомобил кој прв ви доаѓа на умот како симбол на поранешна Југославија, веројатно би кажале Yugo . Овој автомобил не успеа во Америка, но затоа беше еден од омилени на наше поднебје.

Југото не е единствениот автомобил на кој ќе се сетат постарите генерации. Zastava, Renault, Opel , Ostin, Citroen се само дел од автомобилите кои секојдневно можеа да се забележат на улиците на поранешна Југославија a излегуваа од домашните фабрики.

Ова ова е само дел од автомобили кои се произведуваа и возеа во поранешна Југославија:

Zastava

Zastava 750 беше популарен под името „Фичо“. Овој автомобил е легендарен симбол на Југославија кој започнал да се произведува во 1962-та година по лиценцата Fiat 600. Ова возило се употребувало во бројни државни служби, па било едно од главните возила на поранешните полиција, Авто Школите и авто клубовите, покрj Фиќото , се произведуваа познатиот тристаќ Zastava 1300 и 1500 , Стојадинот и Zastava 128.

Zastava 101, популарниот Стојадин започнала да се произведува од 1971-та година во компанијата Zastava во Крагуевац. Дизајнирана е на основа на моделот Fiat 600D. Истражувајки наидовме на реклами кога се спремала продажбата во Англија Zastava 1300 и 1500 или Тристаќ, претставувале вистински статусен симбол и се произведувале во Крагуевац исто така Yugo 45 започна да се произведува од 1981-та година во автомобилската компанија Zastava во Крагуевац.

Италијанската компанија Fiat го дизајнирала овој автомобил за Zastava, а нацртот е направен по шасијата на Fiat 127. Покрај југото во многу изведби излезе и Jugo Florida која се одбиде да му се спротистави на тогашниот Голф.

Сигурно некој од Zastava моделите пропуштивме но тука е и Abarth 1000 спортскиот модел.

Citroen 2CV, Спачек, Ајкула

Citroen 2CV или „Спачек“ е дизајн на Французинот Пјер-Жил Буланже кој се призведувал во словенската фабрика Tomos.

Но во словенската фабрика Tomos се произведувале уште 6 модели на Citroen, Ami , Break,GS и DS.

Renault 4 се произведувал од 1973-та до 1992-та година во фабриката IMV во Ново Место, Словенија која денес е во сопственот на Renault.

Овој автомобил често се среќавал на патиштата на Југославија, а сè на сè биле произведени 575.960 автомобили, покрај Renault 4, тука биле и моделите Renault 12

Renault 16, Renault 18,IMV мини бус

NSU Prinz од 1965-та година започнал да се произведува во сараевската фабрика Pretis.

Направени биле околу 15.000 автомобили.

Austin

Словенечката компанија IMV во 1967-та година започнала да го произведува овој автомобил и тоа трите модели

Morris 1100 Mini (marque), Austin Maxi, VW Golf. VW Golf започнал да се произведува во TAS од 1976-та година, потоа следел и VW Golf 2

Популарната Буба во изведба 1300 Изведба 1200, Jetta, Caddy, Opel

Опел заапочнал да се произведува во 1977-та година во IDA – автомобилска компанија во Кикинда и то аво следниве модели

Opel Corsa A, Opel Kadett D, Opel Kadett E, Opel Kikinda (Opel Senator ), Opel Omega A, Opel Vectra A

Застава 750 (популарно наречен Фиќо) е автомобилски модел на производителот за автомобили Застава од Крагуевац. Автомобилот почнал да се произведува во 1955 како верзија на Фиат 600 под лиценца. Се произведувал до ноември 1985. Застава 750 има мотор со работна зафатнина од 767 см³ и со тоа е најмалиот автомобил од оваа марка. Кон средината на 70-тите излегува и моделот Застава 850, ист како и претходниот, само со поголема кубикажа. Моторот бил позајмен од Фиат 850.

Првиот модел се нарекувал Застава 750M, кој впрочем бил Фиат 600E, со нов мотор од 795 cm³, термостат и затворен систем на ладење. После тоа доаѓа моделот 750S, со променет интериер, нов брзинометар и волан кои се преземени од Фиат 126 „Пегла“. Застава 750 S (Специјал) продолжува да се произведува со подобрен мотор од 22 kW, што овозможувал максимална брзина од 120 км/ч. Во тоа време, па и сега, мотор со зафатнина од нешто повеќе од 0,7 литри е прилично достоен перфроманс. Во 1980 година на белградскиот автомобилски саем, представен е моделот Застава 850, кој во основа е истиот 750S, но со мотор од 843 cm³ и 23,4 kW преземен од Фиат 850. Моделот 850 има максимална брзина 125 км/ч. Од тогаш почнува производството на следните верзии 750L/850L – 750LE/850LE – 750SC/850SC.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Регистирани 33 деца позитивни на коронавирусот: Состојбата во градинките е под контрола

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација...

Османи: Се надевам дека следната недела ќе седнеме да разговараме со Захариева

Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме со министерката Екатерина Захариева, бидејќи навистина се ближат деновите кога...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...
- Advertisement -