fbpx
11 C
Skopje

Најголемиот меѓу најголемите – Најубавите цитати од Тоше Проески

АКТУЕЛНО

На денешен ден пред 36 години беше роден еден од најголемите хуманитарци и „принцот“ на поп музиката, Тоше Проески. Во чест на него и неговите дела ви издвојуваме еден дел од неговите цитати по кои ќе го паметиме и ќе го носиме во нашите срца се додека сме живи.

1. „Мене ми е незамисливо дека некој кој може да им помогне на оние кои имаат малку или немаат ништо, ги затвора очите и не им подава рака.“

2. „Ѕвездите не постојат, освен оние на небото. Јас само си ја работам својата работа, а тоа што сум популарен само ме прави успешен.“

3. „Не сакам кога целта го оправдува средството, не сакам нечесни игри и не верувам дека во љубовта, како во војната, сè е дозволено.“

4. „Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене.“

5. „Секоја, ама баш секоја жена заслужува да во очите на барем еден маж, во еден момент, во една секунда, па макар тоа да биде и само еднаш во животот, да се почувствува дека е најпосакуваната жена на овој свет “

6. „Верувам во Бога и единствено него можам да му се заблагодарам за дарот кој го имам, затоа што ова што го правам го сметам за мисија која Тој ја извршува преку мене. Јас сум само марионета.“

7. „Предупредување за младите: Бидете силни во секој поглед! Најголемата борба е борбата со самиот себе. Издржете и ставете го на испит својот карактер. Не попуштајте пред ништо.“

8. „Никогаш не би се откажал од пријателите, би бил секогаш до нив, и во добро и во зло. Во добро за да се радувам на успехот, а во зло за да помогнам.“

9. „Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.“

10. „Без оглед на она што го велат дека скромноста е одлика на глупавите луѓе, јас не се согласувам со тоа. Скромноста е одлика на добрите луѓе.“

11. „Моето животно мото е „Како Господ никој не е – Сè е во божјите раце.“

12. „Ве сакам сите!“

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -