fbpx
29.8 C
Skopje

НАЈНЕЧЕСНИТЕ ЗНАЦИ – Овие 5 хороскопски знаци најмногу лажат!

АКТУЕЛНО

Дали лажете за да избегнете конфликти или затоа што сте воодушевени од својата способност да поминете неоткриени?

Понекогаш најшармантните луѓе испаѓа дека се најдобри лажговци.

Кои се најнечесните хороскопски знаци?

Близнаци

Тие ја обликуваат вистината според околностите и според тоа како на нив им одговара. Но, најчесто тоа го прават за да го задржат мирот и добриот однос со другите. Ако ви треба изговор за да избегнете нешто, Близнаците без проблем ќе излажат за вас.

Рак

Можеби нема да забележите веднаш, но тие сакаат да го прикријат тоа што го прават, а сметаат дека е неисправно. Ретко некој ги фаќа во лага. Нивното лажење најчесто се сведува на задржување на важни информации за себе или предраматично претставување на вистината.

Лав

Тие ќе сторат сè, па ќе сервираат и тон лаги ако е потребно за да го заштитат своето его. На моменти знаат да бидат премногу искрени, но кога се несигурни користат манипулации за да се прикажат во подобро светло.

Кога лажат избегнуваат контакт со очите и често ги фаќаат во лага.

Вага

Тие ќе излажат ако таа лага им даде баланс и направи да се чувствуваат подобро во врска со себеси. Малку ги претставуваат работите поинаку за да избегнат непријатности. Мразат конфронтации и ако е потребно да лажат за да ги избегнат, ќе го сторат тоа.

Скорпија

Тие лажат затоа што им се допаѓа фактот што се толку добри во криењето на своите лаги. Најчесто говорат вистина, но кога лажат никогаш нема да ги откриете. Имаат детални приказни и вистината засекогаш останува закопана длабоко во песокот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -