Владата донесе нови протоколи за отворање и работа на кафитерии и за отворање и работа на угостителските објекти за храна со кои се укинува забраната за организирање на музички настани. Новите протоколи се објавени во Службен весник бр. 208.
Со измените се дозволува да се органзираат со настап на музички уметници во отворен и затворн дел на објектот.
– Музичките уметници во состав од три до пет члена треба да се на посебна бина која е оддалечена најмалку пет метри од првите маси за гости без подиум за изграње и со забрана за играње“, се наведува во протоколите.
На сила и понатаму останува забраната за организирање на прослави во отворениот и затворен дел на објектот.