16 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најново: Државата ќе дели припејд платежни ваучери од 150 евра на граѓаните – еве се кој ќе може да земе

За најзагрозените од кризата поради коронавирусот, Владата предвидува средства кои ќе бидат ставени на располагање директно на граѓаните.

Средношколците и студентите ќе добијат помош од 100 до 150 евра кои би можеле да ги искористат за кофинансирање, обуки за ИТ вештини или сместување.

Третиот пакет мерки, според неофицијални информации, предвидува и поделба на припејд картички со вредносен ваучер за загрозените граѓани, под специјални услови. Поддршка ќе добијат и невработените, а средствата неофицијално ќе може да ги потрошат во купување на храна, облека или услуги од македонските компаниии.

Третиот пакет посебно ќе понуди поддршка и на угостителскиот сектор.

Лекарите ќе добијат повисока плата за уште 20 проценти ос следните месеци, како награда за добро сработената работа. Третиот пакет мерки се очекува на стартот на следната недела.

Извор: Centar.mk

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.