Информации за временската прогноза и состојбата на патиштата




1. За состојбата на патиштата




Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со наместа мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.




На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од АМСМ.




Утрово во 7 часот најниска температура од -10 Целзиусови степени е измерена во Крушево. Минус осум, според УХМР, се измерени во Битола и во Берово. Потоа -6 во Крива Паланка, -5 во Претор, Дебар и во Куманово, -4 Охрид и во Прилеп, -3 во Тетово и во Штип, -2 Скопје-Петровец и во Струмица, -1 во Скопје-Зајчев Рид и во Демир Капија, а 0 во Дојран.
Најмногу снег од 32 сантиметра има на Попова Шапка, 23 во Битола, десет во Охрид и во Крушево, осум во Претор, седум во Маврови Анови, пет во Берово, четири во Дебар, два во Крива Паланка и во Тетово.