Огромен дел од корисниците на интернет услуги продолжуваат да користат едноставни и лесни лозинки, кои хакерите можат да ги пробијат за само неколку секунди, покажува новото истражување на „Keeper Secuirity“.
Во топ три најчесто користени лозинки во 2016 година се „123456“, „123456789“ и „qwerty“. „Keeper Security“ вели дека над 17 % од корисниците ги заштитуваат податоците со сетот од цифри „123456“. Околу 50 % од пробиени сметки во текот на изминатата година користеле една од 25-те најчесто користени лозинки.
10 најкористени лозинки во 2016 се:
1) 123456
2) 123456789
3) qwerty
4) 12345678
5) 111111
6) 1234567890
7) 1234567
8) password
9) 123123
10) 987654321