fbpx
21.8 C
Skopje

Најсилниот и најдебел играч во светот му се закани на Рамос: Имаш среќа што не можам да стигнам до финале во ЛШ! (Видео)

АКТУЕЛНО

Големото финале во Лигата на шампионите донесе и неколку контроверзни ситуации во кои делумно во прв план се најде Серхио Рамос, бидејќи капитенот на Реал Мадрид доби сериозни обвиненија за два сомнителни потези кои ги имаше во дуели со играчи на Ливерпул.

Најпрво во прв план се најде боречкиот зафат кој го имаа Рамос и Салах, а по кој многумина го обвинија капитенот дека намерно го повредил најдобриот играч на Ливерпул, а потоа се појавија и гласини дека голманот Лорис Кариус заработил потес на мозокот од ударот кој го добил од дефанзивецот.

Сето ова доби и своја трета страна бидејќи Рамос иронично одговори на сите овие прозивки, а оваа епизода сега доби и комична страна бидејќи најсилниот и најдебелиот играч во светот сега одлучи да му се закани на Серхио.

Адебајо Акинфенва во овој момент е член на Викомб каде игра како напаѓач, но тој и е добро познат на јавнсота како огромен и страствен фан на Ливерпул.

– Помина една недела од големото финале во Лигата на шампионите, а јас штотуку се вратив од одмор. Серхио Рамос, не само што го повреди мојот човек Мо Салах, сега слушам дека си му нанел и потрес на мозокот на Кариус. Слушај човеку, јас никогаш нема да играм против тебе, бидејќи никогаш нема да стигнам до финалето во Лигата на шампионите и треба да си среќен. Бидејќи, ако стигнам, ќе се случи ова…., – гласи урнебесниот твит на Акинфенва проследен со уникатно видео.

 


Извор: Дерби.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -