fbpx
15 C
Skopje

Како беше соопштена веста за најтажниот момент во Југославија: Не напушти другарот Тито (Видео)

АКТУЕЛНО

Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на југословенската народна армија.

Покрај државничките обврски и лидерски должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар. Јосип Броз е роден во Кумровец, северозападна Хрватска, во регионот Загорје, што тогаш бил дел од Австро-Унгарија. Тој е седмото дете на Фрањо и Марија Броз (моминско име Јавершек).

Во 1907, преселувајќи се од руралната средина, Броз почнува да работи како ученик на клучар во Сисак. Таму станува свесен за работничкото движење и за прв пат го прославува 1 мај – Денот на трудот. Во 1910 се придружува на синдикатот на металуршките работници и станува член на Социјалдемократската партија на Хрватска и Славонија.

Помеѓу 1911 и 1913, Броз работи на пократки периоди во Камник, Словенија; Ценково, Чешка; Минхен и Манхајм, Германија, каде што работи за автомобилската фабрика Бенц; потоа оди во Виена, Австрија каде што работи во Дајмлер како тест возач. Од есента 1913, Броз служи во австро-унгарската армија; во мај 1914 добива сребрен медал за натпревар во мечување во Будимпешта. На почетокот на Првата светска војна е испратен на српскиот фронт. Уапсен е за антивоена пропаганда и затворен во Петроварданската тврдина. Во 1915 неговиот баталјон е испратен на Источниот фронт во Галиција да се бори против Русија. Во Буковина е сериозно ранет. Во април целиот негов баталјон паѓа во руско заробеништво.

Тито станува премиер и министер за надворешни работи на повоена Југославија. Тој останува во тие функции до 13 јануари 1953, кога го наследува Иван Рибар на функцијата Претседател на Југославија.

На 7 април 1963, земјата го менува официјалното име на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, а Јосип Броз Тито е именуван за доживотен претседател.

Владеењето на Тито има карактеристики на просветена диктатура. Комунистичката партија ја одржува својата власт не отфрлајќи го користењето на политички мотивирани судења и затворања, но сепак репресијата под власта на Тито не е толку изразена во споредба со останатите комунистички режими. Покрај тоа, Партијата ја консолидира земјата што беше сериозно погодена од војната и успешно ги потиснува националистичките чувства на југословенските народи, промовирајќи ја идејата за братство и единство.

Иако не постои точна бројка, бидејќи луѓе бесповратно исчезнувале преку ноќ, извесно е дека илјадници лица, политички неистомисленици на Титовиот режим, биле затворени во мошне тешки услови на Голи Оток, а голем е и бројот на оние кои таму и умреле поради тешките услови.
Голи Оток бил специјален затвор за политички затвореници, и станал синоним за политичката репресија на Титовиот режим.

Со Уставот на СФРЈ од 1974, Тито бил прогласен за доживотен претседател на земјата, што исто така значајно ги блокирало демократските процеси во државата.

Екстремната емиграција

Режимот на Тито бил познат и по безмилосното справување со тнр. “екстремна југословенска емиграција”, односно луѓе кои емигрирале од Југославија, и активно политички се организирале или агитирале против југословенскиот систем. Постоеле голем број организации и здруженија во светот кои имале политички платформи против југословенскиот режим на чело со Тито.

И таа емиграција била под постојан надзор и притисок од југословенскиот режим, а највидните претставници на политичката емиграција биле убивани и во странство од Југословенските тајни служби. Во Македонија, најпознат е примерот на репресијата врз Драган Богдановски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во образованието бил изразен трендот на градење на култ кон ликот и делото на Тито. Текстови во читанките, лектири и други четива посветени на Тито биле вклучени во задолжителната програма. Во секоја училница висела слика на Тито. Организациите на децата биле наречени “Титови пионери”, а нивниот поздрав бил “За татковината со Тито – Напред!”.

Во детските одморалишта и на работните акции исто така се вршела силна идеолошка пропаганда.

Роденденот на Тито бил прославуван како Ден на младоста. Тоа бил неработен ден, во кој учениците и студентите организирале големо дефиле на стадионот на Југословенската народна армија во Белград, при што на Тито му била врачувана штафетата на младоста. Претходно, по примерот на олимпискиот факел, младинците ја носеле штафетата повеќе недели низ цела Југославија.

Четврти мај, 1980. Најтажното неделно попладне. Иако можеше да се очекува најлошото – сепак постоеше надеж. А тогаш соопштение од конзилиумот на лекарите: “И покрај преземањето на сите неопходни мерки… Јосип Броз Тито почина во 15,05 часот”. Потоа уследи Прогласот од ЦК СКЈП и Претседателството на СФРЈ. Зборот се прошири насекаде. Луѓето чекаа по должината на пругата се до Загреб. А синиот воз минуваше тивко и скоро бесшумно крај луѓето кои се слеаја крај колосекот како река за на својот Тито барем за миг да му упатат последен поздрав и да му ја изразат длабоката благодарност.

И Загреб, градот на Титовата младост и на првите Титови револуционерни акции, достоинствено го пречека и испрати, горд на Загорјето што го роди на загрепската партиска организација и заробничката класа која толку многу му даде и доби од него.

На патот од Загреб кон Белград пак истата глетка. Најискрено и најтажно простување од работниците, селаните, младината и пионерите на Словенија и Срем. Белград – градот на титовиот постојан пренос ос ослобудвањето на земјата. На овој град другарот Тито лично му го врачи Орденот народен херој и му го изрази своето почитување на градот – херој:

Извор за содржината на текстот – ОВДЕ (Магазин.мк)

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -