fbpx
13.8 C
Skopje

Најтопло лето на Стемфорд Бриџ: Абрамовиќ го донесува најголемото засилување до сега во Челси!?

АКТУЕЛНО

Рускиот милијардер не се шегува!
Првиот човек на Челси Роман Абрамовиќ ова лето има намера да ја засили својата екипа.

Челси зад себе има една од полошите сезони во последно време, но навивачите очигледно не треба да бидат загрижени кога е во прашање иднината бидејќи сопственикот наскоро ќе го донесе најголемото засилување од своето доаѓање на Стемфорд Бриџ.

Во прашање е напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски кој англиските медиуми го претставуваат како прв трансфер на метата на Роман Абрамовиќ за ова лето.

Секако, во предвид треба да се зема дека за тоа треба да се праша Баерн кој веројатно и ова лето со систе ќе проба да го задржи 30-годишниот напаѓач.

За сега не е познато колку рускиот милијардер има намера да издвои за напаѓачот, но секако е јасно дека мора да биде во прашање огромна цифра како би го пуштиле од Баерн односно би дозволиле трансфер на Левандовски во Лондонскиот клуб.

Потсетуваме дека Левандовски во текот на актуелната сезона одиграл вкупно 48 натпревари во сите натпреварување на кои постигнал 41. гол. Една од причините зошто Абрамовиќ силно посакува Левандовски да пристигне на Стемфорд Бриџ е фактот што Алваро Мората и Жиру не се завидно ниво кога е во прашање нивната форма.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -