fbpx
2.8 C
Skopje

Напаѓачот на новинарската екипа од А1он ќе лежи шест месеци во затвор

АКТУЕЛНО

Основниот суд Скопје 1 Скопје го прогласи за виновен и му одреди затворска казна од шест месеци на Матија Каников, лицето кое ја нападна новинарската екипа на А1он на протестите „За заедничка Македонија“ на 28 февруари минатата година, информира порталот А1он.мк

Јавното обвинителство во текот на доказната постапка приложи над 1 час видео материјали и фотографии како докази за делото.

Оштетените претходно во постапката се изјаснија дека се приклучуваат кон материјално побарување.

Осудениот Каников има право на жалба до Апелациониот суд во рок од 15 дена.

ИЗВОР: А1он

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -