fbpx
18 C
Skopje

Напиток со куркума и ѓумбир кој ќе влијае позитивно на вашата убавина и здравје

АКТУЕЛНО

Два зачини што имаат позитивни ефекти врз здравјето се куркума и ѓумбир.

За да направите напиток од куркума и ѓумбир, исцедете сок од 30 грамови свежа куркума, 25 грамови свеж ѓумбир и три лимони, и оваа смета измешајте ја со четири чаши негазирана минерална вода.

Доколку не можете да набавите свежа куркума, можете да ја замените со три кафени лажички куркума во прав.

По желба засладете со мед и чувајте го напитокот во фрижидер, до три денови.

Овој напиток е најдобро да се консумира 2-3 пати на ден, по еден десилитар меѓу оброците или непосредно пред оброкот.

Напитокот има антиинфламаторен ефект, го смирува дигестивниот тракт и поволно делува врз изгледот на кожата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -