fbpx
20.8 C
Skopje

НАСА го прошири своето семејство со 12 нови астронаути

АКТУЕЛНО

Американската вселенска агенција НАСА избра 12 нови астронаути во својот најголем конкурс организиран досега, пренесува БТА.

Пред година и половина, конкурсот за астронаути беше објавен и на него се пријавија 18.300 луѓе, повеќе од двојно повеќе од 1978, кога имаше 8.000 кандидати. Тогаш, пред четири децении, САД се подготвуваа за лансирање на своите први шатлови.

НАСА досега имаше 44 астронаути. Помеѓу новите 12-мина во тимот, кои се на возраст меѓу 29 и 42 години, има лекар, инженер, пилот, воен офицер… Некои работеле во лаборатории, универзитети, некои биле во подморница, воен брод, пилотска кабина…

Церемонијата се одржа во вселенскиот центар на НАСА во Хјустон, викан „Џонсон”, а новите астронаути беа поздравени од американскиот претседател Доналд Трамп, и од потпретседателот Мајк Пенс.

По двегодишна обука, новајлиите ќе може да бидат дел од некој тим испратен во мисија на Меѓународната вселенска станица (ИСС), а понатаму и да полетаат кон Марс со бродот Орион, но тоа е предвидено да се случи дури во 2030 година.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -