fbpx
36.8 C
Skopje

Населба Хиподром добива ново училиште кое ќе го носи името „Вера Јоциќ“

АКТУЕЛНО

Денес во работна посета на општина Гази Баба беше заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски кој со градоначалникот Тони Трајковски разговараше за капиталните проекти во образованието кои ќе се реализираат во општина Гази Баба.

При посетата Ристовски најави изградба на ново основно училиште „Вера Јоциќ“ во н. Хиподром, за кое веќе тече тендерската постапка и некаде во средина на месец април ќе се избере фирма за негова изградба.


За општина Гази Баба зам. министерот Ристовски најави и три нови инвестиции кои ќе следат во следниот периот, а тоа се изградба на ново основно училиште „Крсте Мисирков“ во н. Ченто и изградба на две нови училишни спортски сали во ОУ „Вера Јоциќ“ н. Хиподром и во ОУ „Кирил и Методиј“ од н.м. Стајковци.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -