На Фејсбук се споделува статус на како што велат нашинец од Словенија кој вели дека во изминатиов период имало стигматизација кон луѓето кои влегувале во Македонија од странство.
Вирусот на стигматизацијата, предрасудите и дискриминацијата е посилен од коронавирусот. До сега бевме од многумина непожелни, се бунтуваа кога дел од нас се враќаа дома дури беа отворени границите. Сега кога се отвараат кафаните, рестораните, кога животот полека но сигурно ќе се враќа во нормала, дали повторно ќе ја гледаме истата приказна? Или можеби пак овој пат „странците“ како што не нарекувате ќе ви бидат добродојдени дома?
Како пример ќе го наведам случајот од Битола каде што некои наши „паметни“ сограѓани решија да се спротистават на сместувањеето на хотел во центарот на градот кој требаше да биде карантин за дојдените од странство. Тоа ширење на паника и стигматизација на луѓето кои доаѓаа од надвор, покажа дека уште сме незрели како општество. Некои дури повикуваа да се објави список на заболени со име и презиме, како да станува збор за некакви чудовишта.
Но нејсе. Тоа помина. Да се надеваме дека ситуацијата ќе се подобри и во идниот период ќе имаме драстично намалување на бројката на заболени. Она што мене ме интересира е дали сега во една ваква состојба повторно ќе има револт од поединци за наше враќање во Македонија? Еве дел од нас сакаат летото да се вратат дома, да се видиме со своите најблиски, да помине некој период во својот роден крај. И тука ли ќе имаме проблем? Повторно ли ќе бегате од нас? Можеби сега се ќе биде во ред, сепак некој треба да троши пари, за да се крева македонската економија. А кој би бил тоа ако не најповеќе нашите МАКЕДОНСКИ „туристи“.
Со задоволство ќе летувам годинава во Македонија, се надевам дека ќе успеам да го посетам и преубавиот Охрид, да си помогнеме едни на други, да потрошиме некој денар во нашата татковина!