18 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Нашите функционери имуни на странски вирус

Го читавте новиот Протокол за патување на нашите избрани носители на јавни функции надвор од државата? Немате потреба !!!
Не губете време. Нема ништо ново што веќе не го знаеме на памет од кампањата Седи дома!!! Епа сега дајте објаснување зошто ние не можеме да одиме во странство и да се враќаме дома без задолжителен државен карантин од 14 дена, а тие „од Бога“ избраните можат да одат и да се враќаат и се задолжени само да потполнат изјава. Значи ли дека изјавата има исцелувачка моќ или пак нашите функционери имаат стекнато имунитет и имаат антитела? Ако е второто, барем нека донираат крвна плазма за заболените од вирусот. Барем да имаме една корист од нив. И онака цело време ни ја цицаат крвта. Вака барем ќе ни дадат донација за наши пари.

Она на што се задолжени и онака да го прават сега во Македонија, Владата им го сервира како нов Протокол и задолжително однесување во странство. Останува само нејасно препораката да не се користи јавен престој или такси во местото на престој, дали значи да си земаат rent-a car или пак да одат пеш? Колку што ги знам нашите политичари, тие на наш грб ќе си купат и возила таму, само да се запази правилото на дезинфекција и држење растојание.

Повторно измислена топла вода, како и за се до сега. Буквално се копираат препораките на СЗО иако многу од нив не држат вода во реалноста. Па затоа и ќе имаме втор и трет бран и ќе имаме мал милион болести конкретно поврзани со вирусот. На крајот наместо колективен имунитет, ќе имаме зголемен број на сите други болести и поголема смртност. Ама нека биде сѐ во корист на науката. Сепак сите научни тврдења треба да се поткрепени во реалниот живот.

За обичниот граѓанин, останува мајка МАКЕДОНИЈА!!! Нема да има летување во странство, ама ќе има запознавање на убавините на својата татковина и уживање во истите.

Автор: Перица Спасовски, претседател на ГДУ-Куманово

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.