fbpx
5 C
Skopje

Наскоро интернет пратките до 90 евра нема да бидат царинети

АКТУЕЛНО

Министерството за финансии ги подготвува анализите за да го зголеми прагот од сегашните 45 евра на 80 до 90 евра за поштенски пратки за кои нема да се плаќа царина односно за кои само се плаќа ДДВ-то.

Ова го најави министерката за финансии Ангеловска која рече дека прагот во земјите до европската унија е 150 евра заради што се земале предвид се поголемиот број на барања на граѓаните за олеснување на електронската трговија. Бројот на мали пратки секоја година се зголемува за 30% а за да се намалат можностите за манипулации царината преку донација од американската амбасада добила скенер со кој без отворање ќе се забрза целиот процес на проценка дали пристигнатиот пакет оди за царина или не и што има во него.

Според надлежните ова е само еден мал почеток во планираната дигитализација на поштенските услуги кои мора да се подобрат ако се земе дека лани земјава заради изгубени пратки беше пред исклучување од глобалната мрежа али експрес

Македонија од 150 земји е рангирана на 99 место според индексот на логистички перформанси односно според нивото на услуга, брзина и квалитет

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -