Научниците од Санкт Петербург работат на вакцина против коронавирус
Јехуда Шенфелд, еден од најголемите и најистакнати израелски научници на денешницата, кој работи на државниот универзитет во Санкт Петербург (СпбГУ) и ја предводи мозаичната лабораторија на автоимунитетот на СПбГУ, ја откри причината за компликациите од коронавирусот. Сето тоа е како резултат на супстанција чие што високо ниво во крвта може да доведе до смрт.
Професор на СПбГУ, почесен професор на универзитетот Тел Авив, истражувач на медицинскиот центар „Шиба“, Јехуда Шенфелд, е сигурен дека феритинот е биомаркер што укажува на тешка форма на инфекција со коронавирус. Во ризик се лицата со покачено ниво на феритин во организмот. Тешкиот тек на инфекцијата со коронавирус е поврзан со феритинот. На пример, кога започнуваат компликации во форма на билатерална пневмонија.
„Феритин е протеин кој е одговорен за апсорпција на железото во организмот“, вели Јехуда Шенфелд, основач и раководител на Центарот за автоимуни болести. – Во клетките на човечкото тело, феритинот е резервен склад за железо. Врзува слободни јони на железо, со што ги неутрализира неговите токсични својства и ја зголемува растворливоста. Ако тоа не е доволно, тогаш започнува анемија на недостаток на железо во организмот, а ако има премногу од него, тоа доведува до хиперферитонемија.
Хиперферитинемијата, пак, води до нарушено голтање, слабост, намалена репродуктивна функција, патологии на црниот дроб, срцето и панкреасот, невролошки нарушувања и проблеми со видот. Се јавува во тешки случаи на разни инфекциони болести. Вклучувајќи и кај коронавирусна инфекција.
Тимот на Јехуда Шанфелд долго време го изучува и истражува хиперферитринимичниот синдром и ги објави добиените податоци за оваа состојба. За жал, во 50% од случаите, пациентите не преживуваат. Според зборовите на научникот, може да се појави прекумерна количина на феритин како одговор на организмот на инфекцијата, и најверојатно во состојба на коронавирус. Во вирусни заболувања, феритинот е во состојба да ги активира клетките на неспецифичен имунитет – макрофаги, кои за возврат лачат цитокини. На пример, тие им сигнализираат на другите клетки, на пример „заповедуваат“ да формираат воспалителен одговор и да се вклучат во борбата против туѓите тела во организмот.
Кога количината на цитокини е релативно мала, тоа е добро за организмот, но кога количината ќе излезе од нормала, постои ризик од синдром наречен „цитокинска бура“. Ова е една од најопасните компликации на инфекција со коронавирус (КОВИД-19). Телото добива сериозен потрес, така што во 50% од случаите ова доведува до смрт на пациентите. Постари граѓани и лица со тешки хронични заболувања се изложени на ризик.
„Како што покажаа истражувањата во НР Кина, САД и Италија, заразените пациенти со КОВИД-19 покажаа високо ниво на феритин. Зголемената содржина на феритин служи како маркер за појава на патогени микроорганизми во организмот. Наша задача е да разбереме како брзо да го намалиме нивото на феритин во крвта,“ – заклучи Шенфелд.
Денес, вработените во лабораторијата за мозаик за автоимунитет на СПбГУ, бараат начини за намалување на крвниот феритин и блокирање на синтезата на ЦД-143 цитокини со антитела. Откриено е дека неговото присуство е знак на голема веројатност за сериозни компликации на заболување со КОВИД-19. И што е најважно, СПбГУ работи на вакцина против коронавирус (КОВИД-19), базирана на употреба на вирусни протеини како главни компоненти на лекот.
„Планираме да користиме вирусни протеини како основна компонента на лекот за создавање вакцина“, вели Јехуда Шонфелд. – Вирусните протеини не се наоѓаат во човечкото тело, што значи дека не можат да создадат непожелен имунолошки одговор на организмот. Имунолошкиот систем не го отфрла фрагментот, со што вакцината е ветувачка.
Професорот Јехуда Шанфелд е меѓународно познат специјалист за проучување, третман и превенција на автоимуни заболувања, врвен израелски лекар и научник, основач и раководител на „Центарот за автоимуни болести Заблудович“, која што е најголемата болница во Израел – Медицинскиот центар Шева на Универзитетот во Тел Авив, претседател на Меѓународниот конгрес за автоимунитет. Тој е главен уредник на списанието Autoimmunity Revs, IMAJ, Harefuah (Израел), ко-уредник на Journal of Autoimmunity и Autoimmunity Network, учествуваше во работата на израелската медицинска енциклопедија и има организирано повеќе од 20 меѓународни конгреси за автоимунитет.
Во 2016 година, извонредениот израелски научник победи на конкурсот за мегагранти на Владата на Руската Федерација за државна поддршка на научните истражувања. Од крајот на 2016 година, тој е раководител на лабораторијата за автоимунитет мозаик на универзитетот во Санкт Петербург.
Пишува: Дарко Тодоровски