fbpx
21.8 C
Skopje

Наумов: Граѓаните што излегуваат во одбрана на Македонија ќе ја постигнат целта

АКТУЕЛНО

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Васил Наумов во анализа на политичката ситуација во Република Македонија на ТВ НОВА истакна дека Македонија е доведена до работ и нема враќање назад.

„Враќање назад нема. Или ќе успееме, или ќе не снема како народ. Успеавме да направиме самостојна држава и не смееме да допуштиме македонската држава да исчезне. Тоа го покажуваат граѓаните кои масовно се собираат и ништо не може да ги спречи – ниту дождот, ниту студеното време. Многу народи се поголеми и посилни од нас, но не успеале да направат или повратат држава, како што се Каталонците на пример, тука се Шкотите, Велшаните, Курдскиот народ… Успеавме да направиме држава и нема да дозволиме да ја изгубиме. Доколку се спроведе она што се бара со таа декларација или платформа, тоа е најбрзиот рецепт за брзо исчезнување на македонската држава“, смета Наумов.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -