fbpx
23.8 C
Skopje

Навивачката група „КОМИТИ“ се како мојот татко

АКТУЕЛНО

 

Многу денови и труд поминаа спортистите во Скопје, Штип, Прилеп итн.каде нивниот сон се претвори во реалност и станаа шампиони… Кој карате, кој ракомет, кој фудбал…Но што се случи потоа?! Покрај моментите во кои уживаа во нивниот успех тие исто така дома се вратија со диплома, медал или пехар кои освен чувството на победници само им собираа прашина. Но иако е неоспорлив успехот која мотивација има се дава на оваа група на луѓе кога во повеќето случаеви сите подготовки за кои се потребни финансии се од буџетот на своите родители?! Да, заборавив да напоменам… Освен пехарот ќе добијат и слика за на facebook со градоначалниците кои појма немаат од спорт ама нели дале 20 евра како спозори за учество…
И се е тоа во ред ама што ќе правиме после кога тој угледен спортист натпреварувач нема пари кафе да си плати, а во исто време градоначалниците профитери наплатиле тродупло за него… Тој јадниот останал со медалот во рака и бара златара за да го смени за пари… Нема да одам до детали зошто му се пари, сите сте доволно интелегинтни за да знаете зошто.

Каде се државните институции или директорот на Агенцијата за млади и спорт кој има неполни 30 години и спортско искуство од 400 часа гледање фудбал?!

Зборот ми е за вистинските кадри во спортот, за нив треба да се погрижи државата. Тие можат да бидат корисни во полицијата, во АМС, не ги оставајте сами да се снаоѓаат, па после да ги обвинувате зошто направиле нешто, што и самите не сакале ама морале бидејќи едвај преживуваат!

За да бидеш добар во нешто, потребно е искуство, а не филозофирање и читање лектири од типот на Зоки Поки.

За навивачките групи на пример можам да кажам дека се слични со татко ми кој стоеше до рингот кога јас се борев за да ми даде поддршка. Ако немаш никој како татко како навивачка група (во случајот Комити), како држава, тогаш ти е исто како да го бараш сонцето во 1 часот на полноќ.

Да сте живи и здрави сите спортисти, сите „КОМИТИ“ со и без партиски книшки бидејќи на рингот, во салата или на стадионот сите сме еднакви, ама не и пред системот, затоа сите бегаме во другите земји. Ние сме на првата линија, во борбата за медали и успеси на нашата земја, а публиката, родителите, навивачите се нашата коњаница.

Бог да го прости младиот навивач од „Комити“ Саздо.

 

Автор: Ненад Пецов

Извор: Трибуна.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -