fbpx
19.8 C
Skopje

НДМ ги повикува академициите да го оправдат трошењето на народни пари и да не се луксузираат врз грбот на граѓаните

АКТУЕЛНО

НДМ преку соопштение ги повикува академиците да седнат и да напишат стратегија и испраќаат апел до партиите за смирување на состојбите во земјата.

„Народно движење за Македонија изразува огорченост и големо разочарување од вчерашното соопштение на претседателството на Македонската академија на науките и уметностите кое се сведува на изразување длабока загриженост од академиците за актуелната криза и апел до партиите за смирување на состојбите во земјата.

За НДМ таквите апели на МАНУ се слаби без да се каже како да се обезбеди опстанокот и просперитетот на народот и државата, а токму МАНУ треба да го каже тоа со оглед дека барем формално-правно во неа е концентрирана врвната домашна памет.

НДМ сака да им ја освежи меморијата на академиците, кои манифестираат селективна сенилност за местото и улогата на МАНУ, и да ги потсетиме дека МАНУ не е невладина организација или здружение на граѓани или политичка партија да праќа критики, апели и писма за опишување на кризата во земјата, туку, токму МАНУ како врвната научна институција во земјата има обврска да изработи стратегија, и тоа не стратегија со која Македонија ќе биде фрлена на колена, туку стратегија за одбрана на националните и државните интереси.

Затоа, НДМ и народот очекуваат од МАНУ да видат и оценат стратегија како национален проект, бидејќи борбата за опстанок и самостојноста на Македонија продолжува и по периодот на стекнувањето на независноста во 1991 година, земајќи предвид дека земјата е исправена пред сериозни предизвици до степен да го загрозат опстанокот на државата.

Да потсетиме, за разлика од соседните земји единствено МАНУ сеуште нема изработено излезна стратегија како македонски проект.

НДМ ги повикува академициите да го оправдат трошењето на народни пари и да не се луксузираат врз грбот на граѓаните како даночни обврзници, со тоа што, најпосле ќе седнат и ќе напишат стратегија за заштита на националните и државните интереси“ велат од НДМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -