Поп-пејачката Тамара Toдевска, која му беше најдобра другарка на Влатко Илиевски, објави стара слика на која пејачот ја држи во раце нејзината ќерка Хана кога таа била бебе.




„Ми недостигаш, сакам да си тука“, напиша Тамара на сликата што ја сподели на „Инстаграм“.
Тамара и Влатко инаку беа најдобри другари и на естрадата, но и во приватниот живо. Често објавуваа фотографии заедно, а таа во една прилика низ солзи раскажа дека речиси секој ден се слушала со пејачот додека бил жив.
Илиевски беше пронајден пoчинат во својот автомобил на 6 јули 2018 година.
ПОВЕЌЕ: Се огласи и синот на Марадона
Синот на Марадона, Диего Синагра, едвај собра сила за да даде интервју за „Марка“ по смртта на неговиот славен татко. Не можам уште да прифатам дека го нема. Имаше уште многу години пред себе, уште многу години во кои требаше да ужива со семејството. Тоа никогаш нема да го прифатам. Замина многу млад, кажа Синагра. Синот на Марадона смета дека дресот со број 10 треба да се повлече во сите тимови во кои играше Аргентинецот.




Сметам дека сите треба да го направат тоа. Па дури и во Барселона. Нема никаква дилема, кажа Марадона.
Фудбалскиот бог во кариерата играше за Бока јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја, Аргентинос јуниорс и Њуелс олд бојс.