fbpx
6.8 C
Skopje

Не се плашат од законот: Единствена Македонија ќе ги пребројува гласачите пред избирачките места

АКТУЕЛНО

Од партијата Единсвена Македонија преку соопштение најавија дека утре ќе ги бројат гласачите кои ќе излезат на гласање, но нема да фотографираат или снимаат.

Тие едноставно посочуваат дека со цртки на лист хартија ќе забележуваат колку навистина гласачи излегле. Сето тоа доаѓа откако од ДИК не им било дозволено на преку 70 организации од Кризниот штаб да имаат набљудувачи внатре во просториите каде се гласа.

„Кризниот штаб против референдумот ќе има 1.646 набљудувачи надвор пред избирачките места на законски определената одалеченост кои ќе ја бележат на соодветни листови со црти само излезноста на гласачите без никакво фотографирање или снимање. Со овој број на набљудувачи се покриваат 2650 избирачки места земајќи во предвид дека во една зграда има повеќе избирачки места. Ова од причина бидејќи ДИК не дозволи 70-организации од Кризниот штаб (партии, невладини организации, патриотски здруженија) да имаат свои набљудувачи внатре во просториите каде се гласа“, соопштија од партијата.

Со ова Единствена Македонија не го нарушува законот, односно овој акт не е против законски. Се уште се чека реакција на МВР по овој повод.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -