Дванаесетгодишната Моника Каримановиќ, која беше грабната од Нинослав Ковановиќ, познат како Малчанскиот бербер, беше најдена по девет дена интензивна полициска потрага.
Девојчето по девет дена беше најдено живо и во свесна состојба во селото Пасјача, од каде потекнува мајката на Јовановиќ. Монструмот и понатаму ѝ бега на полицијата, но се очекува наскоро да биде лоциран и фатен. Според српските медиуми, полицијата го опколила.
Откако полицијата ги повика мештаните на Пасјача да ги проверат своите куќи и викендички и да пријават ако видат нешто сомнително, еден маж, кој во селото има викендичка во која никој не престојува, го посетил својот имот. Тој тогаш забележал маж како бега од имотот и веднаш ја повикал полицијата. Во викендичката било најдено грабнатото девојче.
Девојчето беше најдено живо и во стабилна состојба, и веднаш пренесено во Ниш на прегледи. Монструмот ѝ ја истрижил главата до кожа. Моника беше најдена изнемоштена и со гребнатини, но во стабилна состојба.
„Малчанскиот бербер“ малата Моника ја грабна на 20 декември околу 7:30 часот на пат до училиште во местото Брзи Брод. Грабнувањето, според сите информации откриени за време на потрагата, го подготвувал со месеци.
Јовановиќ, за жал, сѐ уште е во бегство, но стотици полицајци интензивно трагаат по него. На терен се и кучиња трагачи, како и хеликоптери, додека монструмот бега пешки.
Според неофицијални информации, Моника им раскала на полицајците дека Јовановиќ избегал со нож во раката и дека ѝ кажал дека „жив нема да им падне во раце на полицајците“.