12.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Неделен ручек во „ПЕКОЛОТ“

Како секоја нормална фамилија во Македонија секој родител со своите деца, мислам на оние кои останаа во Македонија, секоја 10-та фамилија седнува на неделен ручек…
Ова е пишувано слободно без употреба на посебни фрази, компарации, високи стилови итн… едноставно пренесувам еден неделен Божји ден…

Родителите се среќни што те гледаат иако после 15 дена, бидејќи си во Македонија но сепак си во друг град каде пробуваш да се снајдеш, работиш да си обезбедиш иднина, затоа што не си партиски определен ама се буткаш како мала риба во цело јато на ајкули.

Денот почнува со утринско кафе, гледаш вештачка насмевка на твоите родители ама си викаш не спиеле добро… Ајде сепак почнуваш со кафе се договарате за ручек ама има нешто што сепак како да фали… ти фали комшијата да те поздрави… Се прашуваш зашто го нема ?!
Продолжуваш без разлика на сите прашања кои ти се мотаат во главата, правиш скара(македонска, повеќе пипер откако месо, на 15 дена –или 30 дена зависи кога ќе си дојдеш ) и мојот родител „како од ведро небо“ почнува да ме прашува „сине што како ќе правиш со иднината… свадба, женење… и бидејќи овде не го добива посакуваниот одговор започнува муабетот за политика… како Македонија и Грција, името, спомениците, идентитетот и се враќаш се така наназад 20 години… И така се вртиш во круг и повторно се враќаш на темата женење…
Пробуваш да му објасниш на твојот родител дека иако јас сум 30 години и веќе треба да имам жена и деца и дека јас го сакам тоа но не ми дозволува ситуацијата да се впуштам во такви сериозни води, сепак нивното предавање не може да се избегне… ајде си викаш морам да ги ислушам приказните, старецот сепак е мудрецот… Потоа одиме на следната тема… слушам како сите комшии избегале во друга земја за подобар живот, како сите останати ги гонат извршители (ајдуци, крадци и разјбојници- ЛЕГИТИМНИ ) за тоа како поради една сметка од по еден денар секој 5-ти човек ја продава куќата во Македонија, продава се што има само за да живее и работи во некоја европска земја и само слушаш и слушаш и на крај ти кажува твојот родител „СИНЕ ЗАЧЛЕНИ СЕ ВО НЕКОЈА ПАРТИЈА ТЕ САКАМ ДОМА ДА СИ МАКАР И ЧИСТАЧ ДА СИ, ДОМА ДА СИ …“
Го гледам така и што да му кажам… Зарем тато за џабе ти зеде кредит за да се школувам, учам факултет, зарем ти татко за џабе градиш некоја соба повеќе за утре да ја продадам… Зарем секоја твоја крв, пот, падната вреди да ја продадам или да останам овде во Македонија за да земам 200 евра плата… Се ова го голтам како кисело млеко со шеќер и како расипано јајце. Само пружам една насмевка и му велам тато верувај се ќе среди ( иако ни сам јас не верувам во тоа што го зборувам).

Зборот ми е еден НОРМАЛЕН НЕДЕЛЕН РУЧЕК ПОМИНУВАМ ВО ПЕКОЛ! ДАЛИ СИТЕ НИЕ ШТО СМЕ НА 20- 30 ГОДНИ И ОНИЕ КОИ ОСТАНАВМЕ ВО МАКЕДОНИЈА вреди да вложиме уште 30 години и да им велиме на нашите деца да се зачленат во некоја партија за подобро утре?! И дали треба да им викаме добро е има и полошо?! Јас мислам дека е време да кажеме СТОП и да покажеме ние младите дека сме за промени каде секој ќе си го гледа детето до себе а не преку социјалните мрежи. Да кажеме дека време е да го сопреме криминалот, да воведеме вистински правна држава, правен систем… Да кажеме дека сакаме да живееме во држава каде секој ќе ги гледа и вреднува квалитетите и успесите на еден човек. ДОСТА Е СО ПАРТИСКИТЕ КНИШКИ! За жал тие станаа многу поважни од здраствената книшка… Да го вратиме достоинството, моралот, вредностите на семејството и нивната среќа… ОД НАС ЗАВИСИ!

И да… Иако беше ПЕКОЛЕН НЕДЕЛЕН РУЧЕК сепак беше среќен на некој чуден начин… Следниот ќе биде за 30 дена… или кој како ќе успее да се прибере дома за да ги види своите родители…

Автор: Ненад Пецов

Извор: Трибуна.мк

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави